Од утре бензинот „95“ поевтинува два денара, цените на другите горива остануваат исти

Bez autora
Jun 06 2024

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,892 %, кај дизелот 3,251 %, кај екстра-лесното масло 3,433 % и кај мазутот намалувањето е 1,756 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,081 %.

Од 7.6.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 84,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денара/литар)

Мазут М-1 НС – 43,209 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 2,00 денара/л.

Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V), екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 7.6.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik